Thursday, August 25, 2022
ЅВОНЧИЦА by Марија Масевска
Во сите нас живее дете, како што во целиот свет живеат луѓе. Секое дете е различно, како и секој човек на планетата. Иако сеуште имам единаесет години, сепак во мене живее едно мало дете. Сеуште мислам дека некаде можеби и постојат самовили. Имам и смислено една приказна која се вика „Петар Пан“. Во оваа приказна се работи за детето Петар Пан и неговата другарка Ѕвончица, која е самовила. Петар Пан е дете кое што си ја изгубило сенката. Во оваа приказна се зборува за изгубената сенка на Петар Пан, но денес оваа приказна ќе ви ја раскажам од страната на Ѕвончица. Сите ги гледаат главните ликови, но јас денес го одбрав споредниот лик. Па, јас, односно Ѕвончица, овој ден кога Петар си ја изгуби сенката, бев заробена од страна на лошиот капетан Кука. Седев заробена околу еден час и одеднаш почнав да ги ширам решетките на страшниот, црн кафез, во кој бев заробена. Така ги ширев околу час и половина, кога конечно ги раширив доволно за да излезам. Одлетав оттаму. Но, сеуште го немав прелетано ни бродот, кога одеднаш чув како некој вика по мене. Помислив дека тоа е Петар и се свртев. Тоа беше грешка. Тоа беше еден од пиратите на капетанот Кука. Многу тешко, но сепак успеав да им избегам на тие лоши луѓе. Кога стигнав кај Петар, тој не ме примети. А до него седеше едно шармантно девојче. Бев многу натажена поради ова и се вратив во тој страшен и темен кафез во кој бев заробена. Се чувствував лошо мислејќи дека нешто сум згрешила и затоа Петар ми е лут. Додека летав натажена заприметив дека некој ми се приближува со нож. Тој сакаше да ме убие. Тогаш почнав да викам, викав како никогаш до сега. Петар го слушнал моето викање и дојде. Ме спаси. Во тој момент тој сфати колку сум му важна.
Марија Масевска
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment